Петар Печков
Објавено: сабота, 17 април 2021
Министерството за здравство соопшшти дека изминатите 24 часа во велешко има 30 ново заразени лица со ковид-19 а 24 се оздравени. Или активни се 772 случаи а досега во велешко биле заразени 5.197 лица.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти, од кои 75 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и 10 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
Почината е една пациентка на 69 години,од Св. Николе, позитивна, лекувана 2 дена во Модуларната Болница .На кислородна поддршка се 38 пациенти. Во текот на вчерашниот ден транспортиран е 67 годишен пациент во Приватна Болница-Систина. Испишани се седум пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19 – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во Инфективно одделени се 43, и по осум на Интерно и во Физикална а во Модуларна болница 29.
Tweet |