Петар Печков
Објавено: вторник, 17 февруари 2009
Нивото на водата од вештачкото езеро Младост, крај Велес драматично се намалува од ден на ден. Оваа појава е забележана пред две седмици и досега не е откриена причината за изчезнувањето на водата. Први ова го забележале велешките риболовци кои стопанисуваат со рибниот фонд во Младост и за тоа ги алармирале надлежните.
- Со голо око може да се забележи дека нивото на езерото е намалено за 20-тина сантиметри во овие две-три седмици. Чудно е што во период на кога имаше обилни врнежи, големи наноси на снег тоа се празни наместо да се полни. Нашите рибочувари алрамираа за оваа појава по што реагиравме до надлежните – изјави Петре Алчев, претседател на Здружението на спортски риболовци Бабуна од Велес. Контрола на теренот извршиле инспекциите од Министерството за земјоделие кои во записник констатирале дека испусната шахта на колекторскиот систем е полна со вода. Тој профункционира пред еден месец и со него се собираат отпадните води од околината на езерото, се препработуваат кај селото Новачани, и пречлистени одат во реката Вардар. Осетното намалување на нивото го забележале и вработените во двата мотели на брегот од езерото кој се јавиле до локалните власти а стручни лица излегле на терен, кои испитуваат каде водата изчезнува.
- Пресметките покажуваат дека водата истекува со 20 литри во секунда, тоа е голема количина која никаде не се појавува. Под браната е Отовичка река, која е со ниво како што била секоја година. На браната нема видливи оштетувања. Дел од подземните води од околината на езерото се појавиле во одводот на колекторскиот систем, но тоа се мали незначителни количества, наспроти водата што ја снемува. За секој случај работиме на отстранување на овие пробиви во системот и нивна санација – изјави инжинер Костадин Настов од комуналното одделение на локланата самоуправа на Велес.
Тој смета дека по отстранувањето на дилемите дека колекторскиот систем може да влијае на изчезнувањето на водата, треба да се испитаат и другите варијанти, можноста да се појавила некоја внатрешна пукнатина на дното од езерото каде водата би понирала. Но индикативно е што таа некаде мора да се јави а во околината на езерото засега не е регистриран извориште или пак нивото на реката Вардар е зголемено. Проблем е што не се знае ни сопственикот на водниот потенцијал на езерото Младост, бидејќи претходно тој бил даден на користење на Свето Јаневски кој ги работи околните лозови насади а сега во Министерството за земјоделие е започната процедурата за пренос на сопственоста на водата во надлежност на ЈП Лисиче од Велес.

Tweet |