речник контакт

Се намалуваат процедурите при чекањето пред шалтер

Граѓаните нема да обезбедуваат документи кои им се потребни во постапка, институциите сами ќе ги пребаруваат

Петар Печков

Од 1-ви август стапува на сила Законот за општа управна постапка кој ги регулира начинот на обезбедување на различни документи, кои им се потребни за  остварување на нивните права и правни интереси. Ова се однесува на  потврди, дозволи, уверенија, решенија, лиценци.  

За граѓаните ова ќе значи скратување на времетраењето на постапката, но и намалување на трошоците за поединците што се засегнати. Оваа  новина е  со цел подигнување на квалитетот на јавните услуги и таа се однесува само на управни  постапки .

Новиот начин подразбира дека граѓаните за остварување на некое нивно право треба да се обратат  на институцијата каде можат да го добијат, но нема да обезбедуваат докази  и документи кои се потребни. Истите институциите сами меѓу себе ќе ја направат таа размена. Граѓанинот се обраќа а институцијата, било да е на локално или државно ниво ги разменуваат меѓу себе.

Доколку не ги поседуваат  тие документи институциите, тоа се лични, лекарски, елаборати, купопродажни странката или компанија сама да ги донесе. Оваа новина ќе заштеди време и пари и таа се однесува на докази кои се разменуваат по службена должност . Граѓаните нема да одат од шалтер на шалтер и така ќе им го  олесниме животот  - изјави  Марта Арсовска Томовска министерка   за Информатичко општество и администрација.

Тоа конкретно може да се однесува на документ за нега на друго лице,  за обезбедување на поврат на средства за погреб на  починат пензионер,  Странката  плаќањето за  сите потребните документи кои се во таа постапка, ќе го врши на едно место, по цена како што е, не зголемена со било какви трошоци. Овој Закон е донесен пред една година, и во меѓувреме се извршени сите усогласени сите останати Закони.  

Извршени се и поврзување на системите од државните институции, кои информатички се поврзани.  Оваа новина   значително ќе придонесе во експедитивноста и економичноста на постапките и во подобрувањето на ефикасноста на администрацијата.  

Од локалана власт која ќе биде дел од системот кој  треба да ги услужува граѓаните, заедно со неговите јавни претпријатија, училиштата, градинките, велат дека се подготвени за негова примена.  

Имаме пракса со еден таков систем, со електронски издавање на дозволи за градење. Слични се системите и подготвени сме за овој  предизвик и обврска. Цел ни е задоволни граѓани – изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »