Петар Печков
Објавено: среда, 10 мај 2017
Советот со мнозинство гласови го свои барањето на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес со кое користењето на салата ,,Бели мугри,, се наплатува,,.
Барањето е оти досега користењето било бесплатно,освен за политички претставувања, во период од неколку години, откако салата од сопственост на Општина Велес преминала во владеење на велешката библиотека. Салата ,,Бели мугри,, за семинари, работилници, тренинзи, предавања, видео конференции, промоции, јавни дискусии, културни манифестации се изнајмува по цена до два часа 3,5 илјади денари, до 4 часа 5,5 илјади до 6 часа 7,5 илјади и дневно 12,5 илјади денари.
Истовремено беа утврдени и цените за користење на медиотеката, каде можат да се одржуваат: семинари, работилници, тренинзи, предавања, видео конференции, промоции, јавни дискусии, културни манифестации. Цената е до два часа 1,5 илјади денари, до 4 часа 2,5 илјади, до 6 часа 3,5 илјади и дневно 5,5 илјади денари.
Со мнозинство гласови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше усвоена оваа одлука. Советниците од СДСМ реагираа на начинот на изразување на висината на цените и нивната методологија. Решението е во сила откако е објавено во “Службен гласник на Општина Велес”.
Tweet |