Петар Печков
Објавено: вторник, 13 декември 2016
Во неделата по полноќ, момче од Чашка се обидело да си го одземе живото поради невозвратна љубов. Инцидентот се случил во Прилеп, а момчето е надвор од животна опасност.
Според МВР неделата кон понеделник, во 00.30 часот во Прилеп на ул. „Гоце Делчев“, Н.Д. (19) од Чашка, велешко, се качил по скалите од дрвената куќарка, по што испил две ленти таблети „аналгин“, а потоа со жилет се обидел да си ги пресече вените на рацете.
На ова му претходела расправија со неговата девојка од Прилеп. Истиот е пренесен во Градска Болница Прилеп, каде му се констатирани телесни повреди.
По извршен преглед момчето е приведено во Полициска Станица Прилеп, затоа што истото се води како исчезнато лице во ПС-Гази Баба-Скопје и за него била распишана потерница на 08.01.2016 година. Истиот на 10.12.2015 година избегал од Јавната установа „Ранка Милановиќ“.
Tweet |