речник контакт

Се обновува делницата на регионалниот пат до езеро Младост

Обновата тече со предвиденото темпо и комплетно треба да заврши пред почетокот на летото оваа година

Петар Печков

ЈП државни патишта   врши рехабилитација на делницата  Велес - езеро Младост, од крстосница кај Башино Село до  ресторан Бела вода.   Таа  е поделена во две секции - прва  е во  должина од  3,52 км, а втора    од  4,88 км или вкупно 8,4 км. 

Увид во градежните работи на регионалниот пат Р1102 делница, Велес - Катланово  извршија првите луѓе на ЈПДП и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Поволните временски услови  дозволуваат да се работи активно на рехабилитации на сите патишта. Ова е практично стариот пат од Катланово за Велес и преку оваа инвестиција сакаме да го реобновиме стариот пат што до сега беше во лоша состојба. Исто така ова е многу значајна патна врска со оглед на тоа што го поврзува Велес со Велешкото Езеро каде имаме интензивен сообраќај и посета на голем број туристи. Задоволен сум од работата на изведувачот, рехабилитацијата тече со предвиденото темпо и очекувам комплетно да заврши пред почетокот на летото оваа година“  изјави министерот Благој Бочварски.

„Во правец од Велес кон езеро Младост заврши асфалтирањето на првите 1200 метри. Градежните зафати продолжуваат со реконструкција уште на еден километар во продолжение. Ќе се продолжи според предвиденото во овој правец, а исто така, се асфалтира и на првата секција“ - рече Ејуп Рустеми, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Изведувач на работите е JV INFRA EXPERT & VATO DOO кој е воведен во работа во август минатата година, а рокот за завршување на работите е 9 месеци. Надзорот над работите го врши ЕВРОКОНСЛАТИНГ. Истовремено се работи и на делницата од Катланово кон Велес. Предвидени средства за  реконструкција на овој патен правец, на двете делници,  се  164,12 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »