Петар Печков
Објавено: недела, 08 април 2007
Во полн ек се градежните работи на обнова на хотелскиот комплекс ,,Македонија“ кој неодамна го купи Мите Јовановски сопственик на бензиските пумпи ,,Мак оил“ од Скопје.
Тој на јавна лицитација го доби овој комплекс од Стопанска банка АД Скопје, за 65,5 милиони денари. Деновиве таму е вистинско градилиште бидејќи Мотелот и придружните објекти комплетно се обновуваат.
- Се менува се од покривот, до подот, канализацијата, парното греење, ентериерот. Кога го купував не изгледаше вака лоша состојбата но испадна дека е во очајна. Почнувам од нула и остануваат само ѕидовите се друго се гради одново - вели сопственикот Мите Јовановски.
Тој планира хотелскиот комплекс да се пушта во работа во две фази. Во првата на која интензивно се работи е оспособување на Камп населбата покрај реката Вардар, еден ресторан и бензиска пумпа која пред 15-тина години беше започната со изградба но не и завршена. Тие би требало да бидат готови до почетокот на летниот туристички бран, во јуни, додека Хотелот наесен.
Тој и натаму ќе има 50 соби со 100 легла, ќе го задржи името ,,Македонија“ и ќе биде обновен во боите на македонското знаме, црвена и жолта.
Овој објект, претходно сопственост на ,,Интернационал“ од Велес не работеше три години и беше најрепрезентативен за престој на гости - туристи, покрај автопатот Скопје - Гевгелија.

Tweet |