Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2016
Двете велешки амбуланти кои важат за најстарите во градот, Ташевиќ (кај училиштето Св. Кирил и Методиј) и Панче Васков (кај некогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот) се обновуаат.
На нив се изведуваат градежни работи на надворешноста но и внатрешноста, со цел подобри услуги за пациентите, кои ги посетуваат овие амбуланти. Иако тие се дадени под концесија на лекарите од примарното здравство или стоматологијата, работите се на сметка на ЈЗО ,,Здравствен дом,, Велес.
Тие ова го работат со средства од сопствениот Буџет. Во амбулантата Панче Васков се реновираше и тамошната лабараторија. Активностите треба да завршат во текот на месец април.
Подлого веме граѓатните кои минуваа пред амбулантата Ташевиќ, беа сведоци на грдата слика, како се лупи фасадата, но ова наскоро ќе биде минато, уверуваат од ЈЗО ,,Здравствен дом,,, Велес. .
Tweet |