речник контакт

Се одбележува планинарската патека на Даутица (видео)

Одбележувањето е од сопствени средства на ЕГ Зелена сила

Петар Печков

Изминатите денови, продолжениот празничен викенд,  14-17 април, група волонтери и пријатели на ЕГ Грин Пауер поставија 15 нови дрвени ориентациони маркациски столбови на планинарската патека од село  Папрадиште кон врв Даутица. (види видео)

Заедно со претходно поставени над 70 столбови, 30 патокази, и маркации за ноќно движење кон село  Горна Белица- Македонски Брод и село  Нежилово, Орешки манастир Св. Ѓорѓи, планинарски дом Чеплес, и кон врвот Даутица, Општина Чашка и Азот стануваат едни од најразвиените и најбезбедни планинарски реони на Балканот со модерна планинарска инфраструктура

Досега има одбележано 20 км. со столбови и 3 км со маркации за ноќно движење  од планинската патека  делницата Папрадиште - Горна Белица помеѓу две општини, Чашка и Македонски Брод.  14 патокази

Одбележувањето на оваа патека е целосно од сопствени средства на членовите на ЕГ Зелена сила, без донации, грантови и финансиска помош од локалната власт на двете општини или државата.  Во следните недели ќе се постават нови 10 модерни дрвени патокази, инфо табла и уште нови 20 столбови до врвот Даутица. (види видео)

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »