речник контакт

Се одржа 14 Велешка поетска вечер

Годинава за прв пат имаше и конкурс за најдобар афоризам

Петар Печков

Попладнево во Ликовниот салон се одржа 14 по ред велешка поетска вечер. Учествуваа 50 поети, автори од Велес но и од други градови во Македонија.  Гости имаше од Куманово, Штип, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, Тетово,  Гостивар, Скопје.

„Гости ни се автори, со кои преку нивните клубови соработуваме цела година, тука се и нашите велешки поети. За прв пат организиравме и конкурс за афоризми, на тема човек“ - кажа Лили Арсова, претседател на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ кој е организатор заедно со градската библиотека „Гоце Делчев“.

„На конкурсот учествуваа околу 50 автори, задоволни сме од одѕивот. Победник е Ристо Филчевски од Струмица со сет од афоризми, за најдобар афоризам Верица Блажевска  од Скопје а за најдобар етно афоризам  Митко Кољушевски од Охрид“ - соопшти Атанас Крлевски дел од жирито по конкурсот за афоризам.

Најдобар афоризам е „Човек на човека му е лек. Лекот е од оние со предупредување за несакани ефекти“.

На најдобар етно афоризам победи „Човекот се држи за збор а волот за рогој. Денес има се повеќе рогоносци а за држење збор се потешко се наоѓа.. ЧОВЕК“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »