речник контакт

Се одржа конститутивната седница на Советот на општина Велес

Изборот за претседател на Советот, се остави за утре, петок

Петар Печков

Претпладнево се одржа конститутивната седница на Советот на Општина Велес, На неа им беше верификуван мандатот на 22 советници. Им беа врачени. Седницата ја отвори претседателот на Советот од претходниот мандат Ќирил Гајдов,  кој потоа  работењето на му препушти на највозрасниот од новиот состав, тоа беше адвокатот Коста Нојков.  

 „На седницата беа верификувани мандатите на избраните членови на Советот. Се верифицираа 22 мандати, колку што  советника беа присутни, оти од оправдани причини на седницата не присуствуваше  лицето Нада Јованова, која е избрана за советник, но беше спречена до дојде“- кажа Нојков.

Координаторот на советничката група на СДСМ Марјанчо Николов, предложи на дневен ред на седницата да се стави избор на претседател на Советот, но во гласањето , предлогот доби 9 гласа „ЗА“ од советничката група на СДСМ и еден од советникот на ДУИ, не доби мнозинство гласови и не беше ставен на дневен ред.

На прашањето до претседавачот кога ќе  биде ставен на дневен ред, изборот на претседател на Советот, Нојков, кажа „наскоро“. Од политичката партија Левица, најавија дека тоа ќе се случи  на утрешната -петочна, седница.

Новите 22 советника потоа дадоа свечена заклетва а документот, свечената изјава, која ја  добија советниците беше со уставното име на државата Северна Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »