речник контакт

Се одржа манифестацијата „Спорт за сите деца – од градинка до матуранти“

Учествуваа околу 600 деца од градинките, основните и средни училишта од градот, но и од училиштата од Лозово и Чашка. Организатор беше Сојуз за училиштен спорт – Велес

Петар Печков

Во Велес на спортските терени низ градот се одржа манифестацијата  „Спорт за сите деца – од градинка до матуранти“. Учествуваа околу 600 деца од градинките, основните и средни училишта од градот, но и од училиштата од Лозово и Чашка. Настанот се одржува во рамките на Европската недела на спортот.

„Содржините се под мотото спортувајте за здравје. Овој ден е посветен на децата. Наша цел како професори по спорт и спортски активности е преку спорт да изградиме здрави навики, почит соработка, тимски дух кај младите. По спортските сали и терени во Велес,  масовно се спортува од страна на децата и младите. Учествуваат и спортските педагози. Се спротива во колеткивните спортови – мал фудбал, одбојка,кошарка, ракомет, имаме штафетни индивидуални игри“ – кажа  Илија Попов претседател на Сојуз за училиштен спорт – Велес.

Спортските настани се одржуваа на спортските терени во Дворови, кај Гимназијата, кај ОУ Васил Главинов, во спортските  сали на ОУ Св. Кирил и Методиј, на ОУ Блаже Конески , училиштето Коле Неделковски, ракометното во Градски парк, новиот фудбалски терен Панче Ќумбев кај автобуска, салата на Гиманзијата.  


Настанот е во организација на Сојузот на училишен спорт – Велес 2002, има за цел да опфати ученици од сите возрасни групи, од градинките до средните училишта; да поттикне здрави навики и физичка активност кај младите; да ја промовира употребата на спортските објекти во училиштата; да покаже дека спортот е важна инвестиција во иднината на нашите деца. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »