Петар Печков
Објавено: среда, 09 август 2023
Со завршната свеченост и изложба на рачните изработки од децата учесници на летните школи за ткаење, за накит и за грнчарство, заврши проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети”.
Работилниците беа намените за учениците од општинските основни училишта, како и сите други лица кои имаа желба и интерес во соодветната област.
Во Спомен-куќата на поетот Кочо Рацин се одржуваше работилницата за грнчарство, во куќата на Касапови, работилниците за ткаење и изработка на накит.
фото Општина Велес
Учесниците работеа две седмици, или десет работни дена. Дополнително, во текот на месец септември ќе се одржат уште две работилници за столарство и копаничарство.
Организатори беа НВО „Разбој” – Велес во партнерство со Здружение на финансиски работници.
Tweet |