речник контакт

Се ожени на 91 година

Бракот е склучен во Македонски Брод и тоа е брак меѓу најстари сопружници во Македонија досега

Петар Печков

Во матичното одделение во село Самоков, склучен е брак помеѓу најстариот младоженец во Македонија, Теодосија Јанкулоски и неговата  сопруга Стојмирка Сиљаноска

Младоженецот е роден во 1923 година и пролетва наполни 91 година, додека Стојмирка е 20 години помлада и таа летово ќе наполни 71 година. И двајцата зад себе имаат по еден брак и возрасни деца од претходните бракови..

Многу сум среќен поради овој чин, бидејќи нашата заедничка живеачка конечно ја крунисавме со брак-рече младоженецот Теодосија.

Семејството Јанкулоски живее во село Брест, Општина Македонски Брод.

                            текстот е преземен од Нова Македонија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »