речник контакт

Се оствари сонот на Гемиџиите, годинава Вардарската регата ќе плови до Солун

Вардарска регата 24 по ред, започнува на 20 ќе се плови до 26 јуни

Петар Печков

Годинава Вардарската регата ќе плови до Солун. Најавите откако таа се обнови 2010-та,  како и желба на организаторот беше гемиите од Велес да пловат до Солун, што во јуни месец  треба и да се случи. Организаторот, Извидничкито одред „Димитар Влахов“ од Велес,  најавува дека овој чин ќе се реализира  со помош на Грчките извидници.

 „Се оствари сонот на многу генерации велешки гемиџии и годинава ќе пловиме до Солун.  Во целост ќе пловиме како велешките Гемиџии, кои во 19 век стоката со гемии ја дистрибуирале до Солун.  Петиот ден од пловидбата треба да влеземе во делатата на реката Вардар, што е голем предизвик. Бевме неколку  пати да ја проучиме патеката, ја познаваме ситуацијата  и во оваа делта каде Вардар се дели на 8 краци, водостојот е многу низок,  ќе имаме помош од грчките рибари, да пловиме по вистинската патека. Треба да стасаме до Солунското пристаниште. Ќе биде тешко по делтата на Вардар оти е  заштитена зона и не може да се користи возило, ако заглавиме тие 4 до 6 км  мораме да ги извесламе, нема помош од механизација и возила“ – кажа Ангелче Гушев, член на организацијата на „Вардарската регата 2024“.   

Вардарска регата 24 по ред,  започнува на   20 јуни  кога од Велес се плови  до Криволак,  следниот ден  е до Демир Капија, третиот  до Марвинци,  по што на суво учесниците се префлаат преку граница до Евзони, каде е прв базен логор во Грција,  потоа до Акропотамис, каде е четвртиот базен логор.

„Имаме поддршка од колегите Солунските морски извидници, кои  сакаат да се реализира оваа регата низ Грција. Нив им одговора во програмските активности, да имаат ваков настан.  Си подадовме рака,   бидејќи оваа манифестација која  живее и опстојува мнгоу години е потребна. Како комшии потребни сме едни на други и се надевам дека се ќе биде во најдобар ред годинава. Ова  што ќе се случува на крајот од јуни  е голема европска вредност, Гемиџиите да пловат по Вардар низ Грција и да стигнеме до Солун“ – вели Гушев.  

На годинашнава  регата нема да плови гемијата ниту сплавот, туку учесниците ќе бидат  само со чамци, бидејќи годинава се пробива патеката и границата мора да се  мине на суво, не по Вардар. Таа и овој пат  е меѓународна, најавени се традиционалните гости  од Србија и од БиХ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »