Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 ноември 2022
Се исчисти зеленилото од островот на река Вардар, кој е помеѓу двата моста, блиску до кејот. Оваа активност беше извршена во петокот. За отстранување на насобраната земја се чека дозвола.
„Изработен беше идеен проект за отстранување на островчето. За оваа работа обезбедивме средства од Општинскиот буџет во висина до 500 илјади денари. Пресметките се дека треба два милиони денари. Но ќе го искористиме почетокот на градбата на кејот од десната страна на река Вардар, механизација да ја искористиме да се отстрани овој остров. Имаме проект, имаме ревизија, останува дозволата од Министерството за животна средина за да се отстрани земјата. ЈКП Дервен го отстранува зеленилото“- кажа градоначалникот Марко Колев, одговарајќи на поставеното советнички прашање од Марјан Николов, кога ќе се отстрани овој остров.
Градежниците подолго време посочуваа дека со изградбата само на една страна од кејот, на реката Вардар од левата, нејзиниот тек се насочува кон другата, неизградена страна, десната, со што се менува и текот на водата се нарушува безебдноста на таа страна од реката. На тој начин и се создаде овој остров, за кој граѓаните реагираа со години.
Tweet |