речник контакт

Се отстранува боровиот четник

Шумското ги сече заболените дрвја

Петар Печков

 Поради  заболување со болеста боров четник, Шумското стопанство  Бабуна од Велес ги сече дрвјата кои се зафатени од неа. 

Деновиве се исечени 17 стебла на бор на приодниот пат кон езеро Младост. Од ШС Бабуна информираа дека согласност законските прописи дрвјата потоа мора да бидат изгорени, за болеста да не се пренесува и шири на други стебла.

По ова тие ќе прејдат на отстранување на заболените  дрвјата кои се позади ридот Св. Илија во близина на мотелот Македонија.

Сечењето е извршено по препорака на надлежната инспекција, заради елиминирање на болните стебла и престанок на ширење на боровиот четник, кој може да зафати поголем број стебла.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »