речник контакт

Се повеќе случаи на семејно насилство, чии сторители завршуваат на психијатриско лекување

За десетина дена ова е трет случај на семејно насилство, овој пат син малтретирал татко и мајка

Петар Печков

Синот кој ги малтретирал татко си и мајка си и психички и физички, завршил на лекување во Скопје, во соодветна психијатриска болница. Деталите  од информацијата на СВР.

„На 07 февруари  во 12.30 часот во СВР Велес, 72-годишен маж и 70-годишна жена од Велес пријавиле дека подолг временски период биле физички и психички малтретирани од нивниот син Д.Н.(41  год) од Велес. За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по издадено решение од Основен суд Велес Д.Н. е однесен во здравствена установа на задолжително лекување“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Ова е трет случај за десетина дена. Претходно ќерка на сограѓанин, која малтретирала деца по улица, заврши на лекување во Скопје во психијатриска болница.  Понеделникот пак 74-годишник од Велес пријавил дека во семејниот дом, неговата ќерка Л.Г.(51 год) му упатувала закани и го малтретирала. Тој повикал Итна медицинска помош и неговата ќерка била однесена нервното одделение од Велешка болница, каде била задржана.

Лани во 2023 имало три случаи кога по семејно насилство, сторителите биле упатени на психијатриско лекување во Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »