Петар Печков
Објавено: сабота, 03 април 2021
Министерството за здравство соопшти дека во велешко ново регистрирани со ковид-19 се 60 лица а оздравени се 21. Или активни се 818 случаи а досега во велешко има заразени 4.678.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 96 пациенти, од кои 88 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и исто толку четворица пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
„Починати се двајца пациенти маж на 84 годишна возраст позитивен, лекуван три дена на Инфективно одделение и маж на 74 одишна возраст лекуван два дена на Интерно одделение. И двајцата пациенти се од Велес, позитивни на ковид-19. На кислородна поддршка се 51 пациент. Испишани се како оздравени пет пациенти со по еден негативен тест- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
На Инфективно одделение се 52, на Интерно шест и во Модуларната болница 38 пациетни.
Tweet |