Петар Печков
Објавено: четврток, 30 септември 2021
Изминатите 24 часа во велешко е регистриран 31 нов случај на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 14. Ова е податок објавен од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко достигна до 348.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница хоспитализирани се 68 пациенти, од кои 51 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. Од нив на Инфективно одделение се 38, на Интерно седум и во Модуларна болница 23 пациенти.
Од хоспитализираните пациенти на кислородна поддршка се 33. Испишани се двајца како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |