речник контакт

Се помал е бројот на ново заразени од ковид-19 во велешко, денес има само пет нови случаи

Во велешка Болница има згрижено пациенти од Велес но и од Свети Николе, најмладиот е на 36 годишна возраст

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има пет  ново заразени со ковид-19 додека оздравени се четворица, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 168 лица. Починати нема.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 30 пациент,  еден помалку од  вчера.  Од нив 15 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, по тројца  се непотврдени и 12 се  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примен е еден  нов случај,  испишани како оздравени со по еден негативен тест се тројца. На  континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 22 пациенти и осуммина  се  на Интерно. Од нив 15 се од Велес, тројца се од Свети Николе, двајца се од Каратманово и по еден од Ногаевци и Отовица. Најмладиот пациент кој е хоспитализиран во Инфективно одделение е од Велес на 36 годишна возраст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »