речник контакт

Се попишуваат гробните места од црквите во градот

Акцијата ќе трае две години за кој период 8000 гробние места треба да добијат име и презиме по сопствениците

Петар Печков

 ЈКП Дервен започна акција на евидентирање на гробните места од двете цркви лоцирани во градот. Целта е да се создаде мапа ќе бидат запишани сопствениците на околу осум илјади гробови од црквите Св. Пантелејмон и Св. Спас. Изработката на скици и запишувањето на гробните места е во тек, меѓутоа поради специфичноста на просторот, тоа ќе трае  најмалку уште една година и повеќе.

Граѓаните, сопствениците на парцелите оваа активност нема да ги кошта воопшто. Позитивно ќе биде тоа што на скицата во секое време ќе може да се пронајде гробното место, па и оние што ја заборавиле локацијата, ќе може веднаш да го пронајдат гробното место што го поседуваат.

Се прави катастар на  градските гробишта од двете цркви во Велес. Тие се наследени во 1981-та година со акт на општина Велес  кога се пренесени од црквите, во управување на тогашен Дервен, без скици и цртежи, без имиња и презимиња.  Затоа сега нема точна евиденција за  сопственоста на секое гробно место чие е, па се прави катастар на гробните места, бидејќи  потребно е да се стави сето тоа на хартија.  Акцијата започна лани, трае и годинава , бидејќи некои сопственици  не се јавиле со години. Проблемите се решаваат на терен во интерес на странките. Целта е имотно - правните односи да бидат чисти и јасни – вели Драган Дамјановски дел од раководството на ЈКП Дервен.

Оваа постапка е потребна бидејќи таа досега воопшто не е направена а има локации на гробови  стари со векови и со неа никој нема да биде оштетен, нема да биде одземено ниту едно место, без оглед дали има наследници или не. Планирано е сите гробни места да бидат евидентирани и скицирани, што не ги исклучува и оние чии сопственици не се со живеалиште во град Велес.

Лицата што живеат во странство ќе имаат право на сопственост  откако ќе се изврши реевиденција на гробните места што ги поседуваат. За новите градски гробишта во Раштани, кои се изградени по современи стандарди и важечки прописи, катастарот, евидентирањето на гробните места се изработува при самото проектирање и изградба на истите и тие не се вклучени во оваа акција.

 Дел од постојните споменици се пак мали уметнички дела. Стари по 70 и повеќе години го отсликуваат времето кога биле поставени и создавани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »