Петар Печков
Објавено: петок, 21 јануари 2022
Поради ниските температури и подмрзнатите улици, а со цел да се овозможи нормално движење на граѓаните, вработените на ЈКП Дервен утринава истураа сол по тротоарите на најфреквентните улици во градот.
„Поради ниските температури се истура сол по тротоарите и сите пристапни патишта во градот, кон училишта, градинки, цркви и градската болница“ - соопштија од ЈКП Дервен
До 10.00 часот посипани биле 1.200 кг сол.
Tweet |