Петар Печков
Објавено: недела, 13 септември 2026
Поставен е камен темелник на подземната катна гаража, која се гради во центарот на Велес. Овој чин го извршија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот Марко Колев. Иако најавен, поради зафатеност не дојде министерот за транспорт Александар Николоски.
„Со Марко за овој преокт разговаравме уште кога беше кандидат за градоначалник во првиот мандат. Денес можеме двајцата да посведочиме, заедно со велешани дека станува стварност. Подготовката е завршена а моето искуство вели дека тоа е 90% завршена работа. Сигурен сум дека, ако се оди по планот, а не гледам причина зошто да не биде така, при крајот на првата половина на следната година да можеме овој објект да го пуштиме во функција и велешани да го користат а на плоштадот да уживаат“ – кажа премиерот Мицкоски.
„Овој момент го чекаа многу генерации велешани а оваа успеа да започне со негова реализација. Ова е беше мој сон и сон на многу генерации. Отпочнуваме со градба на полесниот дел од изведбата на подземната катна гаража и полоштадот. Тоа што досега се работеше беше потешкиот дел макотрпен, каде имавме непријатни моменти, но минаа безбедно и без материјална и друга штета и загуба. За краток период Велес ќе добие плоштад и подземна катна гаража. Таа ќе има три пати поголем капацитет од претходно. Ова што го гледаме е јамата, со 107 колови кои се 13,5 метри под земја и 253 анкери на различна длабочина, на 21, на 18 има и 15 метри. Ова е исклучително тежок проект, досега не реализиран во општина Велес. Следи поставување на бетон, изолација па изградба кат, по кат. На крај е изградбата на плоштадот“ – кажа Колев.
Тој се заблагодари на проектантското студио Линеа кое ја проектираше подземната катна гаража, на Институот за Земјотресно Иинжинерство Скопје, на надзорот, изведувачите Делтапром од Велес и Стентон градба од Битола. Најголема благодарност искажа кон Владата која за двата проекти, обезбедила 221 милион денари, за подземна гаража 132 и за плоштадот 91 милион денари, средства од Унгарскиот кредит.
„Изминатиот период беше многу тежок, со моменти кои јавноста малку или не ги знае. Најдоа бомба од Втора Светска војна, добро е што таа не се активира. Потоа МВР и Министерстото за одбрана вршеа испитување дали има други заостанати експлозивни средства на овој простор. Имаше земја со несинхронизиран состав, некаде песок, на друго место цврста земја, централното градско подарчје со интензивниот сообраќај ја отежна изградбата во однос на влез и излез на тешките камиони од градилиштетот, има многу згради, луѓе, банки во околината. Важно е што потешките работи се зад нас. Се надевам средината на 2027 година подземната катна гаража и плоштадот ќе бидат завршени и ставени во фукнција“ – дополни Колев.
Површината на катната гаража е 1.508 м2, влезот е од улицата Гоце Делчев. Таа ќе биде на длабочина до 13м. Остануваат зо закон заштитените скривници на Дирекцијата за спасување и заштита, како и дуќаните пред Основен суд Велес. По завршувањето на изградбата, на плоштадот ќе биде вратен споменикот на Коста Солев Рацин.
| Tweet |















