речник контакт

Се поставува земјената подлога за Девис куп натпреварот

Велешани за само 100 денари ќе ја гледаат репрезентацијата на Македонија против БиХ во Девис куп средбата која ќе се одигра од 5-ти до 7-ми март

Петар Печков

Започна поставувањето на земјената подлога во салата ,,Гемиџии,, во Велес,  на која ќе се одигра Девис куп натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина. Овој зафат треба да заврши до недела попладне кога македонскте тениски репрезентативци го имаат првиот терен за одржување на тренинг. Стотици килограми земја, увезена од Италија, се распостилаат по подот од салата, со дебелина од еден до два сантиметри.

- Постапката за поставување на овој земјен терен се случува по втор пат во Македонија и таа е една од поновите во светот.На специјален тепих, кој може да прима влага и не скапува,  се посипува земја која сама се лепи по него. Земјата е црвеница ,  ,,кармонини,, се увезува од Италија, специјално е наменети за вакви теписони. За да биде комплетно успешна постапката треба и одредена температура, околу 15 степени,  која ја постигнвуаме со овие лампи – велат изведувачите на  зафатот.

Тие имаат рок до недела до 15 часот да го постават земјениот терен, бидјеќи тогаш македонските репрезентативци го имаат закажано првиот тренинг. По ова ќе се дознаат и првичните реакции дали и како е извршена задачата. На иста ваква подлога Македонија играше против Летонија во салата Јане Сандански пред две години. Истовремено во спортската сала ,,Гемиџии, се изведуваат градежни зфати за санација на објектот.

Се префарбуваат ѕидовите, се санираат соблекувалните, пристапнито пат до салата се асфалтира и осветлува. За оваа цел општина Велес одвои 300 илјади денари. Истовремено и домаќинот ТК Борец ги завршува  неопходните задачи. Позната е цената на билетот,  таа ќе биде 100 денари за сите три дена, врзана блок карта.

  -   Се решивме на вака популарна цена на билетот, со цел да го промовирана тенисот во Велес, што ни беше и основна цел за да бидеме домаќини на македонската репрезентација. Доколку има потреба, ако биде студено и темепратурата во салата е пониска од потребната, имаме поставено тајфуни кои ќе го греат теренот- велат од ТК Борец. Тие очекуваат дека со ваква цена салата ,,Гемиџии, ќе биде полна и со подршка од трибините, македонските репрезентативци ќе стигнат до победата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »