Петар Печков
Објавено: четврток, 21 ноември 2019
Оваа седмица на повеќе локации во градот, пред пешачките премини, поставени се или се поставуваат безбедносни столпчиња. Ова дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонталната патна сигнализација, преку поставување на столпчињата, овозможува дополнително означување на просторот пред пешачките премини. Истото е по барање на граѓаните и советниците а во согласност со годишната програма за уредување на градежно земјиште.
Општина Велес продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Проектот придонесува кон дополнителна и поголема безбедност на градските улици, со тоа што го оневозможува непрописното паркирање на возилата во безбедносната зона на пешачките премини и ја зголемува видливоста на пешаците и прегледноста на возачите - пишува во информацијата на локалната власт.
Проектот поставување на безбедносни и столпчиња придонесува за подигнување на нивото на безбедност на пешаците како активни учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и несакани последици.
Поставувањето на сообраќајната опрема, стотина еластични безбедносни столпчиња, ја извршува ДПСИ „Кединг” ДООЕЛ Скопје како носител на набавката за Одржување на вертикална сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема во Општина Велес. За реализација на овие активности, од Општинскиот буџет, издвоени се 125.277 денари.
Tweet |