Петар Печков
Објавено: сабота, 12 декември 2020
Во денешната акција на пошумување на опожарениот дел од езеро Младост, беа засадени сите 12 илјади набавени садници багрем.
Во акцијата според организаторот Општина Велес, учествувале околу 200 лица, од невладини -граѓански здруженија, вработени во локалната власт, музејот, библиотеката, училиштата, ЈКП Дервен, но и од армијата, пожарникарите.
Ме радува што во акцијата учествуваа пратениците од Велес, од власта и од опозицијата, претставници од двете партии. Ова покажува дека велешани знаат да бидат сплотени за доброто на градот. Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните- порача градоначалникот Коцевски..
Садниците багрем беа засадени на површина од 10 хектари. Површните беа подготвени од страна на вработени на ЈП Македонски шуми ПЕ „Бабуна “ Велес. Ова е втора акција на пошумување на просторот околу езеро Младост, кој изгоре во пожар август минатата година.
При минатогодишната акција, исто во декември, беа засадени 13 700 садници и безмалку сите биле зафатени. Општина Велес има отворено и наменска сметка, за набавка на садници за пошумување, на која досега се собрани вкупно 192.400 денари.
Tweet |