речник контакт

Се појави птичји грип, внимавајте

Ако видите угината птица реагирајте до надлежните, не ја допирајте

Петар Печков

Во Македонија се појави птичји грип. Првиот случај е регистриран во струшкото село Мороишта.  Агенција за храна и ветеринарство, ја информира јавноста дека  оваа болест ја има и  во соседните земји Република Бугарија, Република Србија и Република Грција. Тоа  е Авијарна инфлуенција кај живината и другите птици. 

Оваа болест е високо заразна и може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во одгледувањето и ограничување во увозот и извозот на живи птици и производи од живина – велат од Агенцијата за храна и ветерина.  

Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обесштетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањата за штета. Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети - рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Од Општина Велес посочуваат на  опасноста и можноста за појава на болеста  Авијарна инфлуенција кај живината и во општината.  Потенцираат    граѓаните навремено да интервенираат во Ветеринарна служба за секоја појава која е невообичаена кај живината.

Вирусот веќе од ноември 2016 година циркулира и е присутен во земјите од Европа. На вирусот му погодуваат ниски температури и го продолжуваат неговиот животен век до надворешна средина. Вирусот во фецес на температура од 4 степени може да опстои активен и до осум недели, додека во површински води на температура од 10 степени е активен од 100 до 120 дена. Значи дека сме во период на максимална активност на вирусот –вели  професор Александар Додовски.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »