Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2015
Попладнево околу 14,30 часот на автопатот Градско - Велес, близу мостот на Вардар кај Караслари се случила сообраќајна незгода. Според велешката полиција автомобил марка мерцедес со скопски регистарски таблички ја изгубил контролата при возењето и се превртел.
Среќна околност е што шоферот минал без повреди, одбил да му се пружи медицинска помош. Од ударот на автомобилот, истекло горивото и екипи на велешката Противпожарна единица се на терен и го перат просторот од горивото, за да не дојде до друга несреќа и потешки последици.
Увидна екипа на СВР Велес ќе истражува како дошло до несреќата.
Tweet |