Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 април 2014
Седуммина лица, повеќето кавадарчани се повредени откако комбето марка ,,рено трафик,, управувано од Д.Т ( 66 год) со кое се превезувале се превертело и излетало до патот. Според сведоците несреќата се случила околу 16,45 часот на автопатот на делницата Велес – Градско, во близина на селото Виничани. Комбето завршило во ендек со вода.
Во несреќата седуммина лица се повредени од кои три тешко. Од дежурниот доктор на велешка Болница информираа едното поради тежината на повредите е префалено на Ургентен во Скопје, а две се со скршеници се задржани во Општата Болница во Велес. Четирите останати се пуштени на домашно лекување.
Комбето кое ги превезувало работниците доаѓало од Тетово и ги носело дома во Кавадарци. Од непознати причини автомобилот излетал од коловозот, слетал во канал за атмосферски води и се превртел. Велешката полиција ја потврди сообраќајката и нејзини екипи се на терен за да се испитаат причините зошто комбето излетало и се превртело.
Tweet |