Петар Печков
Објавено: сабота, 05 април 2014
Попладнево околу 16 часот на регионалниот пат Велес – Градско кај Железниот мост кај Градско се преврте товарно возило. Во сообраќајката дошло од засега неутврдени причини а камионот натоварен со песок завршил покрај патот. Во неа потешко е повреден возачот С.Д. (48 год) од Прилеп.
Тој е хоспитализиран во велешката Болница и според дежурниот доктор е во стабилна состојба. Повредениот возач тврдел дека му се дупнала гумата, поради што изгубил контрола и завршил во ендек. Дали е така ќе покажа истрагата на сообраќајната полиција која е на местото на настанот.
Tweet |