Петар Печков
Објавено: вторник, 20 декември 2011
Покрај брегот на реката Вардар е во тек голема сеча на тополите стари со децении. Ова го прават екипи на ЈКП Дервен, откако комисија одлучила дека тополите се стари и претставуаат опаност по околината.
Сечењето ќе трае цела седмица, бидејќи ќе треба да се исечат 41 стебло, од кои 32 се листопадни, најмногу тополи и 9 зимзелени. За иднината на овој простор од ЈКП Дервен најавуваат дека ќе биде хортикулутрно уреден, без дополнителни објаснувања колку и кои дрвја ќе бидат засадени. Ова е втора голема сеча на дрјва во Велес, по онаа ланската во Градскиот парк.
И додека дрвјата е сечеа, во нивна близина беше и помала група сограѓани кои чекаа дрвјата да се пресечат, за да земат и дома со нив се греат. Некои од присутните дури и активно учествуваа во сечењето на тополите.
Tweet |