Петар Печков
Објавено: четврток, 16 февруари 2012
Локации за две бензиски пумпи, на регионалниот пат Велес- Штип во катастарска општина Челошево, и на автопатот Велес- Скопје, во катастарска општина Ветерско се продаваат на јавно наддавање.Тоа ќе се случи на 28 март во 12 и 14 часот.
Депозитот за учество на наддавањето за земјиштето за бензиската во Ветерско е 800 илјади денари и е со површина од 4 хектари а последниот рок за пријаување е до 21 март. Истиот рок е и за локацијата за бензиска кај Челошево со тоа што површината е 5 ха а депозитот за учество е еден милион денари.
Ова е новина која општина Велес ја доби од почетокот на месецов а се однесува на процесот на децентрализација. 80 отсто до собраните средства се изворен приход на локалната власт а 20 на државниот Буџет.
Tweet |