Петар Печков
Објавено: среда, 28 октомври 2015
Општина Велес распиша електронска продажба, по пат на јавно наддавање на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија. Тоа е лоцирано во близина на Башино село и Новачани.
Се продаваат 17 парцели а почетната цена изнесува 283,00 денари од метар квадратен. Големината на парцелите е од 586 до 870 м2, со тоа што површината за градење е околу од третина до петина од површината. Сите куќи се со катност П+1.
Пријавите за учество на електронското јавно наддавање можат да се достават до 18 ноември годинава, а јавното наддавање ќе се оддржи на 23 ноември. На продажбата можат да уечствуаат и правни и физички лица и македонски и странски државјани.
Tweet |