Петар Печков
Објавено: недела, 27 мај 2007
Министерство за економија преку јавен повик ја понуди велешката фабрика за шински возила „Колска“ на продажба.
Фабриката се продава за почетни 261 илјада евра заедно со 260-те вработени кои според огласот, треба да бидат задржани најмалку и во наредните пет години.
Проценетата вредност на Колска е 473 илјади евра со тоа што купувачот ги наследува и обврските во фабриката во висина од 94 милиони денари. Тој е обврзан да ги исполни еколошките стандарди предвидени со законската регултива.
Јавното отварање на понудите е закажано за 6-ти јули. Моментално вработените во Колска се на принуден годишен одмор до 4-ти јуни, поради недостиг на репроматеријали.
Колска, која е единствена од таков вид во земјава, ги сервисира вагоните и возниот парк на Македонски Железници.

Tweet |