речник контакт

Се продаде планинарскиот дом Чеплес

Се продаде Планинарскиот дом Чеплес Купувачот го доби за 4, 05 милиони денари

Петар Печков

Купувач од Велес го доби на јавна лицитација Планинарскиот дом Чеплес.  Инвеститорот чие име не се соопштува го купи за  4.053.566 денари колку што беше и почетната цена. На јавното  наддавање се јавил само еден заинтересиран купувач, кој во оваа постапка го доби објектот. 

Неодамна Агенцијата за катастар на недвижности согласно доставената документација на Општина Чашка изврши запишување во катастарот на недвижностите во КО Папрадиште.  Истото е спроведено во постапка за легализација на дивоградби.

Планинарскиот дом  ,,Чеплес,,  е граден е во 50-тите години на минатиот век, започнал да работи од 1952 и со него до неодамна  управуваше  и работеше Планинарското друштво ,,Солунска Глава ,, од Велес и Планинарската Федерација на Македонија.   Тие заедно со нивните членови учествуваа во доградбата и одржувањето, каде средства вложи  преку проект УНДП и Американската амбасада од Скопје.

Тие воделе постапка во судските органи со кои го оспоруваат преносот на објектот на Општина Чашка. И додека ПД Солунска глава и Планинарската федерација тврдат дека водат судски процес пред надлежниот суд, од Општина Чашка   ги демантираат  овие информации  кои биле невистинити и тие само и штетат на угледот  и авторитетот кој го има  тамошната локална власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »