Петар Печков
Објавено: среда, 23 февруари 2022
Во тек се градежните работи за премостување на улица Љубен Весов со улица Архиепископ Михаил. Тоа се изведува преку уредување на улица Браќа Поп Јорданови, делот каде се спојува со улица Љубен Весов, парче од околу 50-тина метри, која досега беше пешачки дел.
Работите започнаа на 10-ти февруари и локалната власт најави дека треба да завршат до крајот на месецов.
Градежните работи ги изведува фирмата „Изгрев инженеринг“ од Велес. Од Општина Велес соопштија дека градежните активности се дел од реализација на проектот „Градежни зафати за воведување на еднонасочно одвивање на сообраќај“ и тоа на улицата Архиепископ Михаил.
Според најавите таа ќе биде еднонасочна од правец на Сармаале до јаворот кај Градскиот саат.
Tweet |