Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 ноември 2022
Започна рехабилитација на регионалниот пат од крстосницата за езеро Младост во правец кон Катланово. Таа е во должина од 4,9 км. Ова е инвестиција на ЈП Државни патишта,
„Се врши рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница, од Катланово до Велес, која е во две секции. Првата секција е должина од 3,52 км, а втората секција е 4,88 км или вкупно 8,4 км. Предвидени средства за оваа намена се 164.12 милиони денари“ - соопштија од ЈП ДП.
Изведувачот на работите е JV INFRA EXPERT & VATO а рокот за завршување на работите е девет месеци заклучно со 30.05.2023 година. Надзор над работите го врши ЕВРОКОНСЛАТИНГ.
„Моментално на првата секција се работи на асфалтирање од Катланово кон Велес, а на секција 2 (кај езерото Младост) се вршат подготвителни работи, расчистување на траса и обележување Рехабилитацијата на првата делница од Катланово кон Велес опфаќа три постојни мостови; изведба на 14 нови пропусти “ - додаваат од ЈП ДП.
фото Општина Велес, ЈП ДП
Tweet |