Петар Печков
Објавено: петок, 04 јуни 2021
Денес, петок на пладне, застој во сообраќајот во градот, откако се расипа електирчна локомотива, од товарен воз. Настанот се случи околу 12,15ч. на железничката пруга Гевгелија -Велес, на товарен воз кој сообраќал за Скопје.
„Возот кој стигна до центар, очигледно иамше проблеми, возеше полека, тргнуваше, застануваше и потоа сопре. Во прв момент мислевме дека се расипани безбедносните рапми и затоа вози полека„- велат очевидци.
Екипа на Македонски железници констатирала дека локомотивата се распиала, па била испратена нова, од железничка станица Велес. По половина час, композицијата била извлечена а сообраќајот во градот нормализиран.
Претходниот месец, мај, на 15-ти и 21-ви, електрична локомотива се запали во два наврати, токму на оваа релација, Гевгелија - Скопје. Од МЖ транспорт велат дека причина е староста на локомотивите.
Tweet |