речник контакт

Се реконструира теренот на помошното фудбалско игралиште за локалната власт го прими на користење

Доколку се отстранат сите констатирани неправилности, од есен таму би се играле натпреварите од Општинската фудбалска лига

Петар Печков

Во тек е реконструкција на помошното фудбалско игралиште во Градски парк. Се врши отстранување на констатираните неправилности, во однос на предложениот проект, поради што локалната власт одбиваше да го  прими, оти истото не е завршено.

„Во тек се работи на санација на теренот. Се поставува нова земјена површина, трева. Очекувам дека работите ќе завршат до пролет и од есен тука да се играат натреварите од Општинската фудбалска лига. Наидовме на разбирање на новото раководство на ФФМ и во интерес на градот, конечно да да се користи овој  терен“ – рече Трајче Шопов претседател на ОФС Велес.

Градежните работи за реконструкција на игралиштето започнаа на 2 јуни 2021 година. Инвестицијата беше 400 илјади евра, средства од УЕФА, а рокот на изведба една година.  Беше најавено поставување на 1.125 седишта и рефлектори за осветлување, но не и за одигрување на ноќни натпревари.

Градоначалникот  Марко Колев пролетва изјави дека теренот е нефукнционален и значително отстапува од првичните проекции. Доколку констатираните недостатоци се отстранат би се извршил прием од страна на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »