Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2023
Започна реконструкцијата на просториите на Здравствен дом, кои се наоѓаат на првиот кат од зградата која е заедничка со Центарот за јавно здравје Велес.
Се обновува простор од околу 220 м2. Со оваа реконструкција ќе се овозможи подобра енергетска ефикасност на просториите.
„Се обновуваа чекалниците и ходниците, санитариите, заеднички простории на првиот кат, потоа лабораторијата, стоматолошката ординација, каде ќесе промени подот, столаријата, како и дограмата од здравствените амбуланти кои се под концесија“ - рече Нико Николов директор на ЈЗУ Здравствен дома Велес.
Рок на изведба е 60 дена а инвестицијата е во висина од 2,5 милиони денари. Изведувач е фирмата „Арт инжинеринг“ од Македонски брод.
Tweet |