речник контакт

Се реновира капелата во Болница

Треба да биде готова за два месеци а обновата чини 30 илјади евра

Петар Печков

Започнуваа реновирањето на мртовечницата  од Општата Болница во Велес. Градежните активности започнуваат в понеделник, најави заемникот министер Јовица Андовски. Постојната е стара 45 години, без вода, струја,  и нема услови за достојно испраќање на починатите.

Целосно ќе се сруши постојната зграда и ќе се гради комплетно нов објект. Тој ќе ги има сите неопходни услови за една нова,современа капела. Рокот на изградба е два месеци. Инвестицијата  е 1,7 денари, еден милион се на министерството за здравство а седумстотини илјади од Болницата – рече Андовски. Изведувач на работите фирмата Мега скоп од Скопје. Површината на капелата е 40 метри квадратни, во неа ќе се донесе вода, канализација, струја.

Секој човек треба да живее достоинствен живот. Живото кај нас во велешката Болница започнува во прекрасно породилиште а заминувањето од овој свет треба да биде на достоинствен начин – рече в.д. директорот  на Општата Болница Атанас Василев. 

Блиските на починатите кои биле пациенти на Болницата во Велес, со години реагира на состојбата  на капелата, која е под секој достоинствен, хуман човечки критериум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »