Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 јули 2014
Во велешкото семејството Ѓаковски, кај Наташа и Јордан, на 13 јуни се роди тројка. Сите три се машки. Кумот се решил за имињата Јосиф, Јоаким, Дамјан.
Задоволството што станавме родители е огромно. Си ветивме со сопругата дека ќе има четврто, тоа ќе биде женско. Не би рекол дека е тешко да се одгледуваат, имаме помош од бабите, дедовците – рече таткото Јордан.
Градоначалникот Славчо Чадиев на оваа тројка им подари 30 илјади денари, како и детски играчки. Тие согласно законските можности ќе добиваат и паричен надоместок за трето дете, во висина од осум илјади денари.
Tweet |