Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јануари 2023
Се самоуби лицето кое се сомничеше дека jа застрелал 25 годишната девојка, со која биле во вонбрачна заедница. Веста ја потврдија од СВР Велес. Смрт констатирал лекар од Итната помош.
Инцидентот се случил околу 17 ч. кога специјалните полициски сили на МВР се обиделе да влезат во станот каде живеел осомничениот. Бил фрлен солзавец и по што се слушнал силен екот.
Соседите се сомневаат дека во тој момент лицето се застрелало. При интервенцијата на специјалците било барано присуство на доктор. По изведената акција и влез во станот, доктор констатирал смрт.
Утрото во 7,30 девојката сама пријавила во Итната помош дека била повредена. Дежурната екипа бил замината на повик и по кажувањето на повредена таа имала рана во долниот дел на стомакот. Биле и видливи повреди и отоци по телото на девојката, модринки. И раната и повредите не биле свежи утрински, туку можеби нанесени од претходната вечер.
Двојката живеела на ул. Андон Шурков бр. 27.
Детали и идентитетот на лицата, СВР Велес најави за утре.
Tweet |