Петар Печков
Објавено: сабота, 23 април 2011
Ариета Џини (17 год), родена во велешкото село Согле, се самоубила во саботата ноќта, соопштија од СВР Велес. Во саботата наутро во 2,30 часот на улица Марксова бр 2/2 стан 11, соседите слушнале три истрели, по што била повикана Брза помош, која во станот на петтиот кат од зградата ја пронашла девојката.
Таа била со прострелна рана на десната страна од главата и се уште давала знаци на живот. Веднаш била пренесена во велешката Болница, од каде била префрлена во Ургентниот центар во Скопје. Таму починала во 5,15 часот. Ариета била гостинка кај братучетка и, полицајката Џ.Џ. вработена во СВР Велес, со чиј службен пиштол и си истрелала три куршуми.
Ариета на огледалото со фломастер напишала и проштална порака, во која меѓу другото пишувало ,,Ве сакам сите,, . Во моментот кога се застрелала, девојката била сама во станот. Истрагата ќе треба да ги даде и останатите детали од самоубиството, а внатрешната контрола на МВР за како и каде бил чуван службениот пиштол на полицајката.
Tweet |