Петар Печков
Објавено: недела, 11 април 2010
Се сечат старите и дотраени дрвја од Градскиот парк, кои се опасност по посетителите и минувачите на овој простор. Отстранувањето се врши етапно до почетокот на летниот период, почнувајќи од најопасните дрвја кои се закана по околината. По сечењето, паркот ќе се расчисти, обнови и засади со соодветно зеленило од страна на ЈКП Дервен.
Се сечат 46 стебла стари педесетина години, најмногу тополи, кои се деформирани и деградирани а ја нарушуваат естетиката и безбедноста на просторот. За оваа активност ќе се потрошат 87.400 денари од локалниот Буџет. Пресечената дрвна маса се транспортира од страна на ЈКП "Дервен" до нивните магацинските простории и ќе се користи за потребите на ЈКП, како и за граѓани кои се во тешка материјална положба, а кои ќе поднесат барање до општината за огрев.
Tweet |