речник контакт

Се сече шумата на планината Бабуна

Организирано од дрвокрадци ид прилепско, се сечат дрвјата

Петар Печков

Дел од шумата на  планината Бабуна се сечат безмилосно. Посетителите кои се ретки во овој дел од централна Македонија се чудат кога ќе ја видат глетката  која не ги остава рамнодушни. Така изминатиот викенд група љубители на природата се решиле рекреативно да го минат стариот пат од Велес до Прилеп, преку селата Извор и Степанци.  Но на нивно големо изненадување  и разочарување, тоа што го виделе било несекојдневна и жална слика.

Глетка која како да е од хорор филм. Некаде од после  болницата Јасеново на земјаниот пат наидовме на огромна сеча на стари и здрави дрвја кои се покрај патот. Тоа беше нешто невидено секое подебело дрво исечено особено на делницата по селото Степанци. Сечата не беше само на дрвјата до патот туку и околу...вистински еколошки пустош. Сите од друштвото кои рекреиравме бевме запрепастени. Вакво дивеење немало никогаш на овој простор, а сечата на дрвјата не изгледаше дека е правена од поединец туку дека е од  добро организирана група – велат рекреативците кои го минеле овој пат.

Бидејќи тука ретко кој минува и нема сведоци дека се случува голема сеча.  Прашуваат со чиј благослов е направена оваа огромна еколошка штета  и како надлежните не ја гледаат  големата сеча. Тие бараат да се  сочуваат столетните шуми од варварите  над  недопрената природа. Дека е така сведочат и малкуте жители од овој веќе запустен дел на општина Чашка.

Доаѓаат  организирани групи од Прилеп и од селата. Ги има по десетина, сечат се што ќе им дојде при рака, земаат и бегаат. Многу се насилни и опасни, не можеме да се справиме со нив. Шумската полиција иде ама овие знаат и да ги нападнат и нив, ете тоа имаме да кажеме да се знае – велат жители од  селото Степанци кои се таму за викенд.  

Мината година бесправно сечење на шумите СВР Велес  заедно со шумската полиција  во 21 контрола, евидентирала   на теренот на планината Бреза и селата Рлевци, Бузалково, Слп, Карабуњиште, Рудник, Крушје и Лугунци. Лани биле фатени 16 сторители и поднесени 3 кривични пријави наспроти 27 од 2012-та година и тогаш поднесените 7 кривични пријави. Односот на поднесени прекршочни пријави за ланската година е 9 спрема 7 од претходната година, сите за нелегален превоз и бесправна сеча дрва за огрев.  Лани полицијата привремено одземала 3 камиони, 7 автомобили,  5 запрежни коли  и 49 м3 огревно дрво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »