Петар Печков
Објавено: сабота, 28 мај 2016
Веќе трети ден, членовите на здружението ,,Гласот на животните,, собират прилози за помош на Николче Александров. Нему во пожар му изгоре домот и се што имаше. Токму затоа членовите на ова граѓанско здружение, чиј член е и Николче, се решија да му помогнат. Денес, сабота беа на тротоарот спроти Гимназијата. Претходно беа на истата локација а потоа и пред зградата на Основниот суд во Велес.
Очекуваме дека граѓаните како и многу пати досега, ќе покажат хуманост и ќе донираат пари и сите заедно да му помогнеме на Никола да си обезбеди дом за живеење. Ова го организираме се со цел да му ги олесниме тешките моменти во кои се наоѓа - велат од Здружението.
Tweet |