Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 февруари 2019
Од саботата 23 февруари започнапроверката во избирачкиот список на Државната изборна комисија во канцелариите на Подрачната единица на ДИК во Велес. Проверката ќе трае до 14 март годинава. Проверка на податоците е за закажаните претседателски избори за 21-ви април годинава.
За жителите на Општина Велес канцеларија на Подрачната единица на ДИК е отворена секој ден, вклучувајќи и сабота и недела и празник, од 9 до 19 ч.
Последниот ден на 14-ти март ќе работат до полноќ до 24 ч. Канцеларии има и во населба Градско и населба Чашка, со работно време до 18 ч.
Во тек е и постапката за собирање на 10 илјади потписи за кандидатури за претседател на Репулика Македонија. Во подрачната канцеларија на ДИК за Веелс доставени се четири листи. За Димче Петровски, за Филип Петровски и за Амди Бајрам. Додека листата за кандидатот Гордана Силјанова Давкова откако во саботата ги собрала потребните 10 илјади потписи , следниот ден била повлечена од страна на поднесувачот ВМРО-ДПМНЕ. Овие потписи се собираат до 9-ти март.
Tweet |