речник контакт

Се спасија од Рамина, но од огнот не

Се што имаше семејството Зејнелови од Велес, огнот им го уништи за десетина минути.

Петар Печков

Се што имаше семејството Зејнелови од Велес, огнот им го уништи  за десетина минути. Во петокот  попладне огнената стихија до темел ја изгоре куќата на  улица Прохор Пчински 43 каде тие три години живееја под кирија.

Во моментот кога избувнал огнот, околу 16,30 часот, во куќата биле мајката Мејрем и ќерката Мерила која спиела. Драма со среќни околности по животите на фамилијата, но црни по имотот на семејството, се случувале во бескрајно долгите десет минути. Мајката успеала да ја спаси ќерката, но ништо од парите и документацијата.

- Ги миев садовите во дворот, кога наеднаш слушнав експлозија и за момент кога се завртев видов дека од собата излегува густ чад и оган. Потрчав и од креветот ја земав осумгодишанта ќерка која спиеше. Успеав некако низ црната димна завеса да ја изнесам надвор па се вратив да ја земам ташната со парите и документите. Но немаше шанса да стигнам до неа, огнот толку бргу зема замав што ме зафати и мене, косата  ми ја запали па истрчав на чешмата да се гасам. Добро е што синот Енис беше на улица и си играше надвор, бидејќи кој знае што ќе се случеше ако и тој беше дома – вели низ солзи четириесет и тригодишната Мејрем Зејнелова, потсетувајќи се на пеколните десетина миниту кои им одземаа се што создале во животот а малку требало огнот да им го одземе и најмилото, ќерката.

Тие беспомошно гледале како огнот гори се што стекнале, бидејќи противпожарните возила тешко можеле да стигнат навреме по тесните велешки сокаци кои водат кон црквата Св.Спас, во чија близина тие живеат. Среќна околност е што во овој стар дел на градот не се зфатени и соседните куќи, кои се лепенки, една до друга. Пожарникарите успеале да спречат поголема трагедија и го локализираат огнот пред тој да се прошири во соседството. Првичните проценки се дека поради екслозија на телевизорот, дошло до пожар кој пота ја зафатил собата а потоа и куаќта, која е изгорена до темел.

- Се што имав и создавав овие години изгоре. Заштедата, облеката, документите се се стори пепел. Сега децата спијат во комшии, освен оваа облека на нас немаме друго што да облечеме. Се отиде во неповрат. Се спасивме од лизгањето на земјиштето на Рамина,  каде имавме куќа а сега како кучињата немеме ништо – ја раскажува тажната судбина на неговото четворочлено семејство, таткото Тарик, кој работи во ЈКП Дервен.

Тие имале среќен живот до пред некоја година на Рамина, кога морале да се исселат бидејќи куќата по поместувањето на тлото им се срушила. Сега по пожарот останаа и без покуќнината, облеката и се што спечалиле во заедничкиот живот. Под отворено небо чекаат помош од добрите луѓе да можат да продолжат за живеат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »